My Dobar Glas.Com
Dobar Glas Online
М А Г А З И Н
Google
BOOKMARK Насловна КИР LAT

ЛИЧЕН СТАВ

ЛИЧЕН СТАВ


МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГО ПОСТАВИ ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО ПРЕД ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Др. Игор Јанев е непосредно заслужен за признавањето на уставното име на Република Македонија од страна на Соединетите Американски Држави.

Др. Игор Јанев член на Њујоршката Академија на науките, на Академскиот Совет за системот на Обединетите Нации, член на американското друштво за мегународно право, поранешен специјален советник на МНР за државното име, виш научен соработник на институтот за политички студии во Белград, автор на пет книги од областа на мегународните односи, надворешната политика и мегународното право, а има стотина научни трудови во домашни и мегународни списанија. Според резултатите на неговите трудови, проблемот со името на Македонија не е политички туку правен. Натаму, проблемот треба да се решава со правни средства.


Igor Janev Одолговлекувањето на решението на проблемот со името не оди во прилог на Македонија. Како што е познато референцата FYROM дефинира еден нерамноправен статус на Македонија во ООН, нарочно во областа на нејзиното претставување. Тој статус е во спротивност со самата повелба на ООН, и со други мегународни правни акти.

Одолговлекувањето на решавањето на ова прашање има реперкусии и на нашите односи со ЕУ. Се додека не се реши овој проблем, се чини дека Грција нема да изврши ратификација на Спогодбата за асоцијација и стабилизација.

Обврската за преговори со Грција околу името е во споменатите резолуции на ООН, но токму тој нивен дел е правно нелегален(пречекорување на надлежностите на органите на ООН).

Според тоа , наместо да се решаваат проблемите настанати со еден нелегален акт, потребно е да се работи на корекција на нелегалноста на тој акт, наместо да се решаваат последиците, треба да се искорени нивната причина.

Од оваа гледна точка, преговорите со Грција околу името се прилично безпредметни што произлегува и од непроменливоста на ставовите на обете страни во досегашните разговори. Отсуството на притисок од страна на ООН кон двете преговарачки страни за разрешување на проблемот околу името(што тие, според резолуцијата на ООН требаше брзо да го сторат), може исто така да се сфати дека ООН молчејки признава дека одредувањето на името на една држава навистина влегува во нејзината внатрешна јурисдикција, и е битен дел на суверенитетот на држава.

Во извештајот на Кризната група стои дека е направено кршење на член 4 од Повелбата на ООН. Објаснувањето зошто е тоа така исто така е пренесено од трудот на Јанев. Потоа, Промеморијата на МАНУ во заклучокот го пренесува ставот дека е направено кршење на член 4 од Повелбата на ООН. Мегутоа овде не е кажано дека со кршењето на овој член се крши и член 2 од Повелбата, став 1 кој вели дека ао постојат нелегални услови кои значат кршење на член 4, тогаш обврските кои настанаа од овие услови исто се нелегални .

Овие дополнителни обврски претставуваат кршење на член 2 од Повелбата,
став 1, а тие се:

1. Референцата БЈРМ
2. Обврската за преговорите

Ова МАНУ не го искажа во својата Промеморија. Понатаму , во документот на МАНУ се прпушти да се каже дека при кршење на постапката, следи кршење на став 7 од член 2(немешање во строга внатрешна надлежност).

Што се однесува до јужниот сосед Грција, единствена опција за нив останува промената на нашето име. Затоа Македонија треба да го постави прашањето за легалноста на дополнителни услови пред генералното собрание на ООН. Како што јас истакнав во повеке наврати, Македонија треба да предложи резолуција во Генералното Собрание со која Генералното Собрание бара советодавно мислење од Мегународниот суд на правдата за согласноста на поставените дополнителни услови кон Македонија при нејзиниот прием во ООН, со одредбите на Повелбата.


(Овој напис е превземен од списанието македонски вести кое излегува еднаш месечно во Канада и со кое Добар Глас има одлична соработка)


Македонски Вести



...

Игор Јанев
[објавено: 0/0/2009]

ИСПЕЧАТИ    ИСПРАТИ
Dodaj RSS kanal Dodaj na iGoogle Bookmark
За што не објавуваат медиумите, не се ни случило.
ИНТЕРВЈУ
Интервју со
МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.


ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
Видео Интервју со ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ
Филип Македонецот ...
за нашата иднина...
НА ДЕНЕШЕН ДЕН



Pascalin

  • BLOG
    World Wide Web

    ЖИВОТ 1.0

    Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.

  • MAIL
    Контакт

    Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.


  • SHOW
    Search This Site

    За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.

  • PROFILE
    Your Profile - ТЕСТ




Агенцииски ВЕСТИ (CNN)


Makedonski Vesti

ВЕСТ ПО ВЕСТ


UNI banka


Курсна листа
НБМ-NBM
Број: - -
продажен курс за:
дд. мм. 2009.
USD00146.3074
EUR00161.4129
GBP00167.3978
CAD00137.6305
AUD00130.9011
CHF00141.3332
 

Ohridska banka


Skopje Alexander the Great Airport | Macedonia

Euro Broker


ИНФО STYLE


КОМПАНИИСКИ НОВОСТИ


JukeBox
Мини плеер
К О Л У М Н А

САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ...
МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И ...
КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
РЕНТИЈЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ

ВРЕМЕ
Гевгелија 40°C
Find the Weather for any City, State or Zipcode, or Country

FASHION IN MACEDONIA


Хороскоп
       
       
       
...

Секција за превземање
АНКЕТА
За Cbox-от
Сервис за почеток...
Повеќе инфо за сервисот
Graphic Design