КОЛУМНИ
КОЛУМНИ
СЕ САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ЧОВЕК
Тој човек стана пречка, па затоа на неговиот пример треба да се покаже како
поминуваат сите кои ќе се дрзнат да пружат отпор
Одеднаш, се стана дозволено сето онаа што некогаш осудувавме.
САМО ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ЧОВЕК.
Некогаш ја осудувавме секоја помисла за соработка со .... . „Со тоа се
поништуваат сите одлуки од ..., се поништува огромниот напор кој граѓаните
на Македонија го дадоа во изминатиот период, се поништува се сите политички
одлуки кои до сега се донесуваа и важеа, се релативизираат сите наши напори за
демократско општество се поништува вербата во иднината. Денес правењето влада со
ВМРО-ДПМНЕ и учество во неа на некои политички субјекти стана императив.
Едноставно стегнете ги рацете на оние со кои се сокобувавте во минатото и
седнете-земете го својот дел од колачот. "Ако тоа не го сторите ќе имате работа
со мене (од обраќањето на гувернерот на ФИРОМ)". ВМРО-ДПМНЕ одеднаш стана идејно
блиска пратија, европска иднина, носител на болката за сите грешки во
минатото... Само да замине еден човек?

Некогаш се исмејувавме со недоделканите политичари. "Мене не ми свираа и пееја
Бетовен и Шопен, само затоа што бев мал кога тие беа популарни". Новинарот:
"Јас мислам дека Вие направивте лапсус, Вие не бевте мал кога Бетовен
бил жив". Политичарот:
„Не не направив лапсус. Па колку Бетовен сега има години?”. Кога овој политичар се
придружи кон властодршците, прва реченица во вестите на медиумските трабанти
гласеше: „Партијата ... ќе биде на листата ..., и ним не им смета што 2... истите глумеа
антимилитаристи. Во понатамошните вести даден е коментар дека „оваа е вистинската
коалиција која ќе не одведе во европа а, што подалеку од тоталитарните навики”.
И беше сосема доволно да овој политичар изјави волшебен збор за тоа како
„ЕУ нема алтернатива”, па сето до тогаш да се заборави.
„Добродојдени се сите кои ја сакаат Македонија во ЕУ. Па политичките проститутки
се проевропски ориентирани, па јас знам сигурно дека и некои борци за
човекови права од партијата.. се (проевропски
ориентирани – Н. Н), тој говореше дека сака инвестиции во западните делови и
човекови права ...”. Повеќе никој не ги спомнува тие години, повеќе никој не го спомнува
политичарот, повеќе никој не го спомнува Бетовен...
Ништа повеќе не е важно.Само за да замине еден човек?
Некогаш се прашувавме како едно малцинство (или повеќе) смее да бара клучни ресори во власта,
како некој со 19 посто на гласови може да биде клучниот играч за иднината на Македонија,
некогаш се жалевме дека тоа не е демократски, дека тоа не волјата на избирачите...
А сега? „Према сознанијата на Б...., лидерите израснаа и тие нема само да гледаат од страна
ќе решаваа и за националниот идентитет почнивајќи од името”. Со 19 одсто не се може
да се биде премиер, но може да се држи во заложништво 66 одсто. Што да не? Ние сме Европски луѓе, важно
е да се оди кон Европа. Сите наши поранешни грижи за волјата на избирачите испари.
Само за да замине еден човек?
Некогаш бриселските чиновници со години го избегнуваа.... Објаснуваа дека тоа е
затоа што во времето тие биле такви и такви. Така изминаа години 1992, 1993, ..
2007 год па потоа не биле исполнети овие па оние, па несервилна политика кон
Хаг, услови само да се држи Македонија во што поголема изолација. па Грците се
нешто бунат итд. Па имаше и некакво проближување кон реалноста со признавање на
името Македонија (за кое сеуште со сигурност не може да се тврди дека е одраз на
реалноста). И одеднаш онаа што требаше да се решава со години и со сесрдна помош
на демократска
аристократија, стана проблем кој ако не се реши нема иднина. Порано не можеше
ништо а сега ни во сон, убава виртуелност.
Само за да замине еден човек?
Изгледа дека тој човек, ма што и да мислиме ние за него сепак е некако незгоден.
Некако почна да пречи да ги мати сметките.Незгоден е затоа што не може да му се
прфрли диктаторки манири, како на оние од претходниот режим. А имаше и незгоден
манир реалноста ја изнесува со обичен говор. Не можеше да му се прикачат
воени злосторства па избраа политичар од неговото .... кој е злосторник
над злосторниците и како не би бил кога се спротивставил на борци за човекови
права. Македонија по прв пат се најде во ситуација да се брани и благодарејќи на
кооперативните демократски снаги успеа да го направи тоа со пораз. Многу
едноставно не се подели по строго предвидените линии туку стана
формално-неформален протекторат. Значи признаена државност (со државотворни
потенцијали и постојната реалност) од преку 150 земји во светот меѓу кои и
големите мечки а сепак осудена на невидена изолација. Непоимливо.
Тој човек стана пречка. Затоа на неговиот пример треба да се покаже како
поминува секој кој само ќе се обиде да пружи отпор. Затоа тој од голем демократ,
предвесник на новото време, докажан во спротивставеноста на тоталитаризмот, ќе
стане себичен, коумпиран, беден властољубец по потреба изрод за кој никој не
смее да кажеили напише некој убав збор ...
И тој човек како што сега се гледа навистина замина (ќе побара друга татковина).
Последната пречка се одстрани и сега ќе може да се продолжи несметано со
транзицијата, првобитната акумулација и секако воспоставување на новиот
вредносен систем. Конечно се ќе биде приватизирано и интегрирано, сите ќе бидат
на своите места, Скопје повторно ќе клечи пед вратите на Брисел и Вашингтон, а
Брисел како што и му доликува ќе поставува нови услови ќе се досетува со помош
на нашите пријатели, а медиумите повторно ќе не убедуваат дека „ЕУ нема
алтернатива”.. И се ќе биде во идилична урамнотежена состојба. Ние како
граѓани направивме се што се бараше од нас, голтнавме по некоја лага која секако
беше неопходна направивме по некоја подлост исто така потребна. И сето тоа затоа
што тој човек мораше да замине...
аналитичар
Останати статии од оваа рубрика:
- во подготовка КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
- во подготовка РЕНТИЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ
- САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ЧОВЕК
- во подготовка КАЛТА НА ПОВРШНОСТА И НАИВНОСТА
- во подготовка МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И СНОБИЗАМ
- во подготовка СО ИЗЈАВА ПРОТИВ ИЗЈАВА
- во подготовка ПРЕТСЕДАТЕЛ И МНОЗИНСТВО
- во подготовка ВО ИМЕ НА ЕЛИТАТА ИЛИ ИЗБИРАЧИТЕ
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
Нов вирус (во хибернација) кој може да им овозможи на хакерите да превземаат лични и финансијски податоци сга е во експанзија на повеќе од осум милиони сметачи (компјутери) за кои индустријските анализи велат дека е еден од најсериозните инфекции од досега видените.
| Madonna (Entertainer)! |
| Секси Фотографиите на Madonna се на аукцииски блок
Слика од спотот Material Girl од 1979. ке чини најмалку $10,000... |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
Развојниот план на "Паскалин компани" е затварање на производниот циклус со нови производи ...
НОЕЛ КОМПАНИ
Произведува атрактивна конфекција за жени и мажи...
Индустриска 3, Гевгелија, Македонија
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
|
|






















