ХОРОСКОПХОРОСКОП | |
АСТРОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ | |
| за период од 06. до 12. март | |

ОВЕН (22. март до 20. април)
Љубов Малку од се ќе се одвива во согласност со вашите очекувања. Ќе мора да се прилагодите на барањата од блиските, што и не ви е баш по волја. Воздржете ја лутината и мирно речете што ви смета. Осамените ќе ја обноват прекинатата врска.
Работа Кредит за стан, купување или поправка на автомобилот ќе ве натера многу посериозно да пристапите кон секојдневните трошоци. Во работата морате повеќе да се ангажирате, да бидете поцврсти и истрајни, инаку другите ќе ве претекнат.
Искушение - Предизвик на неделата Планетите го истакнуваат внатрешниот немир, брзоплетост на зборови и оптеретеност со обврски. Време има се помалку, а задачи премногу. Избегнувајте ризични вложувања.
Прилика на неделата На лицето што ви е симпатично предложете му излез-пријатниот разговор би можел да се продолжи. Сватете дека во нејзино друштво можете сосема да се отворите.

БИК (21. април до 21. мај)
Љубов Можни се сукоби со лице кое го сакате, најповеќе поради обостраната непопустливост и понос. Кај некои причина за караница ќе биде љубомора, и не без повод. Осамените ќе мора повеќе да се потрудат ако сакат да остварат врска.
Работа Не брзајте во никаква инвестиција без да побарате совет од стручни лица. Единствено така ќе избегнете грешки проблеми. Некакви околности врзани за близок соработник ќе ве исполнуваат со недоверба и нервоза.
Искушение - Предизвик на неделата Среќата во лотаријата нема да ви биде наклонета па затоа не впуштувајте се во ризик. Во вторник со неспретни зборови би моѓеле да повредите познаник или колега.
Прилика на неделата Ако не сте спремни за нова љубовна врска, објавете ги отворено своите намери. Ако се најдете во недела во весело друштво, препуштете се на угодните моменти.

БЛИЗНАЦИ 21. мај до 21. јуни)
Љубов Нема лесно да се носите со семејните проблеми. Размислете за тоа дека можеби вашето незадоволство е последица на неисполнети желби, а не вистинска состојба на работите.
Работа Работните напори ќе вродат со резултати. Ако сте приватен претприемач, вашите способности ќе дојдат до вистински израз. Можеби ќе примите деловна понуда од друг град или забрзано подготвување за кратко патување.
Искушение - Предизвик на неделата Меркур нема да ви биде наклонет од недела па затоа избегнувајте психички напрегнувања, премногу работа и иритирање. Размена на остри зборови со соработниците или партнерите само ќе ви наштетат.
Прилика на неделата Обновете ги контактите со луѓето со кои некогаш поминувавте угодни моменти. Подобро ќе се организирате и ќе имате повеќе време за себе и лицата кои ги сакате.

РАК (22. јуни до 22. јули)
Љубов Ви се чини дека сите околу вас се заљубени, а вие сте сирак. Дури и ако сте во врска некако несигурно ќе покажувате нежност. Понекогаш се доволни дискретни погледи или доверба па да дознаете дека припаѓате едно на друго.
Работа Се укажува на тоа дека бевте во право кога покренавте промени. Работите ќе продолжат да се развиваат со планираниот тек. Ќе работите и ќе учите добро
Искушение - Предизвик на неделата Избегнувајте психички напрегнувања, од недела па натаму. Острите тонови нема да ви помогнат, туку само ќе ви наштетат.
Прилика на неделата Во колку дожвеете материјална штета, бидете свесни дека парите се само енергија која циркулира и дека ќе наидат подобри денови.

ЛАВ (23. јули до 22. август)
Љубов Слободните меѓу вас би можеле да се впуштат во нови авантури. Лицето за кое се работи ќе ве воодушеви со своите начела, но и ќе ве збуни со својата непредвидливост. Брачната хармонија продолжува.
Работа Склопувањето договори ќе биде оптеретено со застои, а можни серазоткривања на некои неправилности. Ако почувствувате дека сте на мета на нечија осуда, повлечете се.
Искушение - Предизвик на неделата Деловната комуникација побарува повеќе внимателност во вторник. Некого ќе свртите против себе со нетактична изјава. Борете се против обидите на надредените да ви наметнат дополнителни обврски.
Прилика на неделата Од понеделник се оди на подобро. Ќе бидете задоволни со постигнатите резултати, успешно ќе ги разрешувате проблемите, а во својата работа ќе внесете креативност и идеи.
ДЕВИЦА (23. август до 22. септември)
Љубов Шанса за да ги поправите односите со партнерот ќе ви се укаже при крајот на неделата, кога ќе бидете подготвени за отворен и конструктивен разговор. Ќе дознаете дека поранешниот партнер интензивно размислува за обновување на врската со вас.
Работа Ќе го наметнете својот ритам и ќе придобиете соработници за своите деловни цели. Ќе забележите дека вашето влијание врз другите е се поголемо. На видик се добри вести за оние кои барат ново вработување или преместување.
Искушение - Предизвик на неделата Од понеделник поради неповолната позиција на меркур ќе бидете изложени на се поголеми неправди и завист. Повлечете се некое време и почекајте да помине лошото влијание.
Прилика на неделата Вторник и среда, благодарејќи на Месечината во знакот, ќе одвоите за сопствени задоволства, ќе посетите козметичар и фризер и ќе поработите на одржување на кондицијата.

ВАГА (23. септември до 22. октомври)
Љубов Наглите пресврти ќе ја разнишат вашата сигурност. Ќе се наоѓате пред предизвици па бидете мудри и подготвени за одреден ризик. На слободните им се смешка познанство кое ќе внесе промени во нивниот живот.
Работа Зголемените ангажмани, планови и амбиции за развоја на работата со која се занимавате ќе имат повеќе од добри изгледи, но нема да го донесат очекуваното задоволство. Ќе се чувствувате како да работите и вложувате, а не ги гледате резултатите.
Искушение - Предизвик на неделата Културното однесување нема да ве заштити од критики и злонамерни забелешки од некои луѓе - и тоа се позади вашиот грб. Затоа внимавајте кому се доверувате.
Прилика на неделата Ќе имате прилика со помош на стручни лица да осмислите одличен деловен проект. Не двоумете се премногу со неговата реализација.

ШКОРПИЈА (23. октомври до 21. ноември)
Љубов Не враќајте се на минатото и не оптеретувајте се со некогашните грешки и пропусти. Сега не е време да влегувате во врска со поранешен партнер, свртете се кон иднината и дајте им прилика на новите луѓе.
Работа Ќе наидете на пропусти и невнимание кај поединци која нема да ја следи вашата професионалност. Во некои моменти ќе биде подобро да ги преземете работите во свои раце и да не се потпирате врз други. Ќе бидете преоптеретени со работа.
Искушение - Предизвик на неделата Подгответе се понеделник да ви биде ден полн со нови настани и напнатост, затоа вооружете се со трпение. Бидете подготвени на компромиси.
Прилика на неделата Некои од вас ќе се обидат да се ослободат од лоши навики или да се изолираат од штетни влијаниа, додека други ќе избираат литература која ги воздигнува и им отвара нови видци.

СТРЕЛЕЦ (22. ноември до 21. декември)
Љубов Ако само што сте влегле во врска, ќе почувствувате исполнетост со страст и емоционален вознес. Осамените повеќе излегувајте, препуштете се на романтиката. Одлично ќе се забавувате и ќе се зближите со привлечна особа.
Работа Подршката на Јупитер ќе ви овозможи во наредниот период да остварите завиден успех во трговијата, новинарство, медијски работи и во односи со странци. Ќе посакувате промени, ќе бидете делотворни и полни со идеи.
Искушение - Предизвик на неделата Можни проблеми околу распоредот на задачите, тековни ситници, а најмногу во кругот на вашите соработници. Стресот е неизбежен во почетокот на седмицата.
Прилика на неделата Збогатеност во животот ќе придонесат бројни средби, SMS пораки и повици. Од сабота следува нов бран на страсти бидејќи ќе и запнете за око на личност со која соработувате.

ЈАРЕЦ (22. декември до 20. јануар)
Љубов Нема поголеми поместувања нити воздигнувања, а интензитетот на задоволството е баш таков како што сакате – умерено. Оние што се сеуште сами, се плашат дека ќе бидат одбиени, но за такво нешто немат вистинска причина.
Работа Темелите врз кои ги грдевте своите уверувања и амбиции бо можеле да бидат минливо, но снажно разнишани. Немојте веднаш да се обесхрабрувате бидејќи повеќето тешкотии кои сега ве мачат ќе бидат од краток век.
Искушение - Предизвик на неделата Крајот на неделата ќе биде напорен и неизвесен, меѓутоа нема потреба со своите деловни проблеми ги оптеретувате партнерите или домашните.
Прилика на неделата Иако ќе бидете максимално оптеретени, ќе ве радува и најмал помак од проблемите. Таков опуштен ден може да очекувате во вторник.

ВОДОЛИЈА (21. јануари до 19. фебруари)
Љубов Ако сте во стална емоционална врска, ќе пробате на разни начини да го орасположите партнерот. Ако не успеете не губете надеж. Можеби веќе во понеделник ќе добиете угодна вест која ќе ви влее нова надеж.
Работа Односите со соработниците се добри, а работата ќе ви оди од рак. Благодрејќи на позицијата на Јупитер очекувате зголемување на приходите, бидејќи хонорарната работа која ви се нуди, ќе биде одлична и на време платена.
Искушение - Предизвик на неделата Ќе бидете претерано самокритични и сами себе ќе се обвинувате за несогласувањата во љубовниот живот, но овде ќе гршите, бидејќи вината нема да биде само ваша, туку и на партнерот.
Прилика на неделата Познанство со лице кое живее надвор од границите на земјата ќе им внесе на слободните големи промени во емотивниот живот. Опуштете се и уживајте.

РИБИ (20. фебруари до 21. март)
Љубов Би можеле да ги потиснувате чувствата или да сватите дека е крајно време да промените во вашата врска. Ќе ви биде доста од компрониси и одстапки кои партнерот од вас пречесто ги бараше.
Работа Започнувањето на нов проект е веќе сигурно. Успех ќе имаат оние кои се занимаваат со уметност, медиуми или естрада. Ако очекувате конечно да ги решите старите судски парници, ќе бидете задоволни со резултатот.
Искушение - Предизвик на неделата Вашата желба да направите компромис би мижела да се покаже лоша. Постојат луѓе кои треба да сватат каде им е местото, а тоа мора да им го покажете при крајот на неделата.
Прилика на неделата Во текот на викендот нагло ќе почувствувате желба за промена, така што некои стари навики ќе им одстапат место на новите. Угодно ќе ве изненади еден повик во сабота.
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|























